Руски Газпром објави дека резервирал значително поголеми капацитети за транспорт на гас преку цевковод преку територијата на Украина до Европа, еден ден по рускиот напад врз соседната земја, кој поттикна многу земји да и се закануваат на Москва со санкции.
„Гаспром редовно испорачува руски гас за транзит низ Украина во согласност со барањата на европските потрошувачи“, соопшти компанијата, според извештајот на Интерфакс.
Тоа би значело дека денеска би биле испорачани 103,8 милиони кубни метри гас, пресмета агенцијата ДПА.
Повикувајќи се на податоци од украинскиот систем за пренос на гас, тие објавија дека денеска имаат резервирани капацитети во украинскиот гасовод за транспорт на речиси 100 милиони кубни метри гас, 20 отсто повеќе од четвртокот.
Транзитот на руски гас расте од понеделник, кога беше на ниво од околу 50 милиони кубни метри. Тоа е повеќе од половина од договорните обврски на Гаспром кон европските клиенти.