Гаража се запалила во Куманово, семеен дом во Липково

Сподели со своите пријатели

Во два оделни пожари, во две различни општини, вчера интервенција бележат пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на улицата „Егејска Македонија“ вчера била опожарена гаража. Во период од 10:55 до 11:30 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Втората интервенција била во соседната општина Липково каде се запалила семејна куќа. Во период од 13:30 до 16:10 часот интервенирале петмина пожарникари со две противпожарни возила.

Како што информираат надлежните, опожарена била кровната конструкција на објектот при што била направена поголема материјална штета.

Причината за избувнување на двата пожари засега е непозната.

Никола Ивановски