ГАНЦ НАЈАВИ ОСТАВКА: Еден од тројцата членови на израелскиот воен кабинет заминува

Сподели со своите пријатели

Бени Ганц, еден од тројцата членови на израелскиот воен кабинет, објави дека ќе поднесе оставка.

Loading...

Овој потег не претставува директна закана за премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сè уште ја контролира мнозинската коалиција во парламентот, иако се повеќе се потпира на своите екстремно десничарски сојузници, пишува АП.

Ганц, министер без ресор и лидер на центристичката партија Национална унија, е дел од воениот кабинет формиран по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Неговото присуство го зголеми кредибилитетот на Израел кај меѓународните партнери бидејќи Ганц има добри работни односи со американските официјални лица.

Нетанјаху претходно го повика Ганц, неговиот ривал, да не поднесува оставка по ултиматумот на Ганц, поради несогласувањата за повоениот период во Појасот Газа.

Ганц се смета за фаворит за формирање нова владејачка коалиција во случај на пад на владата на Нетанјаху и предвремени избори.

Ганц пред неколку дена изјави дека враќањето на заложниците од Газа е „приоритет“.