Руските сили влегоа во Кремин, град во источниот регион Луганск кој со недели е бомбардиран, изјави денеска шефот на регионалната воена управа на Луганск, Сергеј Гајдаи.
„Русите влегоа во Кремин. Почнаа улични пресметки“, рече Гајдај во кратка видео објава на Фејсбук, пренесува Си-Ен-Ен.
11.000 војници ќе учесвуваат на Парадата на победата во Москва оваа година
Како што рече, Русите влегле во градот со „голема количина опрема“ и рекле дека офанзивата започнала.
Исто така, Гајдаи рече дека сега е невозможна евакуација на населението од таа област.
„Ја планиравме евакуацијата, буквално по шумски патеки, за луѓето да не бидат под оган. Но, преку ноќ ситуацијата се промени“, рече Гајдај.
Тој рече и дека спортскиот објект Олимп во Кремина „гори“ и дека пожарот сега е проширен на 2.400 метри квадратни.
„Спасувачите работат напорно бидејќи во близина на центарот има шума“, рече тој.
Тој додаде дека во другите делови на регионот две лица загинале, а четворица се повредени во Золот, додека седум лица се извлечени од урнатините на урната зграда во Рубижне.
Исто така, како што рече Гајдаи, руските сили пукале во полициската зграда во Лисичанск во неделата вечерта, при што биле повредени шест полицајци.