Медиумскиот регулатор на Габон привремено ги суспендираше сите платформи на социјалните медиуми, бидејќи владата се обидува да ги ограничи растечките протести поради високите трошоци за живот.
Мораториумот беше воведен по ширењето на несоодветна, клеветничка, омразна или навредлива содржина, која, според соопштението на габонскиот регулатор, ја поткопува „стабилноста и националната безбедност“.
„Овие дејствија можат да предизвикаат социјални немири, да ги дестабилизираат институциите на републиката и сериозно да го загрозат националното единство, демократскиот напредок и достигнувања“, изјави портпаролот на регулаторот Жан-Клод Франко Мендоме во соопштението, според Блумберг.
Протестите започнаа со штрајк на наставниците во декември минатата година поради платите и условите за работа, а оттогаш се проширија и во други јавни сектори, вклучувајќи го здравството и медиумите.
Порано оваа недела, владата привремено ги суспендираше увозните давачки и даноци за основните производи за шест месеци за да ги ублажи високите трошоци за живот, а беа откажани и надоместоците за некои дигитални плаќања.
Претседателот на Габон, Брајс Олиги Нгуема, кој дојде на власт во 2023 година по воен удар, се соочува, според „Блумберг“, со првиот сериозен тест за неговиот авторитет помалку од една година по изборите на кои беше обновен уставниот поредок во богатата со нафта централноафриканска земја, пренесува „Танјуг“.

