Дезодорансот е меѓу козметичките производи кои ги користиме наутро и забораваме за него во остатокот од денот. И така до моментот во кој еден ден ќе забележиме дека од пазувите се носи непријатна миризба, почнуваме да се прашуваме дали утринава не сме заборавиле на дезодорансот. Сигурни сме дека сепак не сме. Каде тогаш се крие проблемот?
Излегува дека понекогаш користиме погрешен производ за соодветниот проблем. Ако не сме сигурни кога што да користиме, следнава информација ќе биде од корист.
Дезодоранс: Да ги парфимира пазувите
Овие производи служат само за арома. Дезодорансите не го запираат потењето, едноставно додаваат малку мажествен мирис. Со промената на сезоните тоа може и да престане да дава ефект.
Науката открива дека најдобро е да се има деца на 35-годишна возраст