„Full Circle“ – пиво направено со вода од канализација

Сподели со своите пријатели

Американската пивара од Сан Диего „Stone Brewing“ решила да направи прво пиво од рециклирана вода од канализација.

Пиварата е деветиот најголем произведувач на пиво во САД и таа произвела пиво од канализациска рециклирана вод под името „Full Circle“ и сега на цел глас ја претставува својата бизарна и интересна пивска креација.

Инаку во пивото се присутни вкусови на овошје и карамела. Очигледно многу големата доверба во новото пиво се покажала како оправдана кога се собрале впечатоците од свечената дегустација во производствениот погон.

Љубителите на овој пијалок, меѓу кои и градоначалникот на Сан Диего, биле воодушевени и пријатно изненадени со аромаа на пиво од канализациска вода.

Ова е веројатно меѓу најдобрите три пива од овој вид кои ги имам произведено – изјавил гордиот творец и менаџер за иновации Стив Гонзалес.

За градоначалникот, Кевин Фаулконер оваа свеченост била повеќе од уживање во пијалокот затоа што на испит бил градскиот систем за пречистување на водата кој во иднина би требал да обезбеди целосна резерва со пивка вода за Сан Диео.

За сега, пиварата од Сан Диего направила само пет пробни мали буриња од рециклирана вода од канализација, а неговата цена и стартот на неговото помасовно производство не се знае кога ќе започне.

 

Loading...