ФТ: Србија ѝ продала на Украина оружје во вредност од 800 милиони евра

Сподели со своите пријатели

„Фајненшл тајмс“ пишува дека од почетокот на руската инвазија на Украина, Србија преку трети земји во таа земја извезла муниција вредна вртоглава сума од 800 милиони евра.

Loading...

ФТ пишува дека Србија тивко ја зголемила продажбата на муниција на Запад, што на крајот придонесува за одбранбените капацитети на Украина, иако Србија е една од двете европски земји кои не ги поддржаа западните санкции против Путин и Русија.

Проценките на кои се повикува Фајненшл тајмс покажуваат дека од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Србија извезла муниција што пристигнала во Украина преку трети страни во вредност од околу 800 милиони евра, што меѓу редови го потврди и претседателот Александар Вучиќ.

Тој ја претстави ситуацијата како деловна можност, инсистирајќи дека нема да заземе страна во војната.

„Ова е дел од нашето економско закрепнување и тоа е важно за нас. Да, ние ја извезуваме нашата муниција. Не можеме да извезуваме во Украина или Русија… Но, имавме многу договори со Американците, Шпанците, Чесите и други. Што ќе прават со тоа, нивен избор е. Дури и да знам каде оди муницијата, тоа не е моја работа. Мојата работа е да се погрижам легално да ракуваме со нашата муниција, да ја продаваме… Морам да се грижам за моите луѓе и тоа е тоа. Тоа е се што можам да кажам. Имаме пријатели во Киев и Москва. Тоа се нашите браќа словенски“, рече претседателот на Србија.

На новинарско прашање дали е точна бројката од 800 милиони евра, Вучиќ рече дека се однесува на „можеби период од две или три години“.