Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) спречила обид да се внесат во Русија речиси 500 килограми кокаин од Латинска Америка, кој бил во транзит во Полска, соопшти денеска службата.
– Федералната служба за безбедност спречи уште еден обид за внесување кокаин од Латинска Америка во Русија. Нова серија кокаин била на пат кон Република Полска и била запленета на руско-белоруската граница во регионот Смоленск, соопшти прес-службата, пренесува ТАСС.
Според ФСБ, при проверка на тешко возило со турски државни таблички, оперативците на ФСБ откриле пакет во кој имало 116 пакувања со дрога.
Утврдено е и дека на патот по истата релација има уште едно возило со многу кокаин.
– По сопреното второ возило, во ист тип на магацин се пронајдени 373 пакувања со наркотична дрога. Запленетиот кокаин во две возила тежел 492 килограми – соопшти прес-службата на ФСБ.