ФСБ тврди: Убиството на Дарија Дугина е расветлено

Сподели со своите пријатели

„Убиството на новинарката Дарија Дугина е расветлено, го подготвиле украинските специјални служби, сторителот е државјанката на Украина Наталија Вовк, која исчезнала по злосторството во Естонија“, изјавија за агенцијата Тасс од Центарот за односи со јавноста на ФСБ.

Loading...

„Како резултат на комплексни итни оперативни и истражни мерки, Федералната служба за безбедност го реши убиството на руската новинарка Дарија Дугина, родена во 1992 година“, нагласуваат од ФСБ.

Специјалната служба утврдила дека „злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјалци“, а негов сторител е украинската државјанка Вовк Наталија Павловна, родена 1979 година.

Според ФСБ, таа пристигнала во Русија на 23 јули 2022 година, заедно со нејзината ќерка Шабан Софија Михајловна, родена во 2010 година.

Вовк и Шабан на денот на убиството биле на литературно-музичкиот фестивал Традиција, каде Дугина била почесен гостин“, соопштија од ФСБ.

Да потсетиме, Дугина беше убиена во саботата вечерта кога и експлодираше автомобилот.

Таа присуствуваше на книжевна вечер во близина на Москва со нејзиниот татко Александар Дугин, долгогодишен советник на Владимир Путин, кој ги доби прекарите „Мозокот на Путин“.

Иако било планирано заедно да се вратат во руската престолнина, Дугин во последен момент реши да земе друг автомобил.

Loading...

Многумина шпекулираа дека тој бил вистинската цел на атентатот, но тоа се уште не е потврдено од истрагата.

Кремљ веднаш ја обвини Украина за убиство на Дугина, но канцеларијата на украинскиот претседател ги негираше овие наводи.

Гледавл како неговата ќерка умира

Судејќи по снимката која ја објавија руските медиуми, автомобилот во кој се наоѓала Дарија е целосно уништен.

На местото на настанот меѓу првите пристигнал и самиот Александар Дугин.

Тој ја следел својата ќерка во друг автомобил и бил сведок на нејзината смрт.

На социјалните мрежи се појави видео од Дугин на местото на несреќата, на кое се гледа како шокирано ја држи главата додека гледа во запалениот џип.