ФСБ: Спречен терористички напад во Самара

Сподели со своите пријатели

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија денеска соопшти дека спречила терористички напад врз воено-индустриски комплекс во Самара, на југозападот на Русија, што го планирал локален жител.

Loading...

Според Управата на ФСБ на Русија за регионот Самара, во средината на 2023 година, жител на Самара влегол во кореспонденција со „припадник на проукраинска терористичка организација и се согласил да изврши саботажа и терористички чин во градот“, пренесува РИА Новости.

Од ФСБ додаваат дека за да го спроведе тој план, осомничениот ги одбрал местата на злосторството, ги прегледал, а исто така составил и рачно изработени запаливи средства.

Против уапсените е поведена кривична постапка.