Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Сподели со своите пријатели

Врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград е фрлена експлозивна направа, при што е предизвикана голема материјална штета, дознава Танјуг.

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени.

Се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат.

Дежурниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград пристигна на местото на настанот, каде што работи со полицијата за да ги утврди сите околности на нападот.