Фризер од Рафах во својот фризерски салон „New Look“ во појасот Газа своите муштерии ги шиша на еден навистина, необичен начин со голем пламен.
Палестинскиот фризер Рамадан Едван, главите на своите муштерии ги премачкува со посебни хемикалии кои ги нарекува заштитен намаз, а одбива да ја открие тајната за која хемикалија се работи.
Луѓето се радуваат и се воодушевени од начинот нар абота на овој фризер. Исто така многумина станале заинтересирани да минат низ едно вакво „пламено“ искуство, затоа што поголемиот дел од оние што ќе дојдат велат дека не се плашат од ваков фризерски третман.
Едван вели дека сите негови муштерии се одлучуваат за вакво шишање, кое има многу предности во однос на класичното. Тврди дека неговата техника со пламен е 100% безбедна и дека до сега немало несреќи, а „пламениот третман“ го наплаќа 5,5 долари.