Руската поморска фрегата „Адмирал Горшков“, која претходно во јуни отплови за Куба, изведе вежби за пребарување на подморници со помош на хеликоптери во Атлантскиот Океан, соопшти во вторникот Министерството за одбрана.
Екипажот на хеликоптерот „вежбаше тактички техники за пребарување и следење на подморници во Атлантскиот океан“, се вели во соопштението на Министерството за апликацијата за пораки Телеграм.
На оддалеченост од повеќе од 50 километри (31 милја) од бродот, пилотите спроведоа низа мерки во потрага по подморници, додаде Министерството.
Ројтерс јавува дека на палубата на бродот биле извршени вкупно пет слетувања.
Фрегатата „Адмирал Горсков“ и подморницата на нуклеарен погон „Казан“ на 12 јуни влегоа во пристаништето на градот Хавана, откако во Атлантскиот Океан извршија обука за „високопрецизно ракетно оружје“.