Француската поморска полиција рано утринава заплени брод во Ла Манш кој, според француските власти, би можел да припаѓа на руска компанија осомничена дека ги прекршила трговските санкции поврзани со војната во Украина.
Бродот беше пренасочен кон француското пристаниште Булоњ-сур-Мер помеѓу 3 и 4 часот наутро, изјави Вероник Мањин од Француската поморска префектура, додавајќи дека царинските службеници вршат проверки.
„Руски товарен брод долг 127 метри наречен „Балтички лидер“ кој превезуваше автомобили беше пресретнат од француската морнарица во текот на ноќта во Каналот и придружуван до пристаништето Булоњ-Сур-Мер во северна Франција“, рече официјалниот претставник.
„По барање на француската влада е однесен во француско пристаниште бидејќи е осомничен дека е припадник на компанија која е цел на санкциите на ЕУ против Москва. Француските гранични сили во моментов го истражуваат товарниот брод. Екипажот на Baltic Leader соработуваше со француските власти“, додаде тој.
Руската амбасада во Франција побара објаснување од француските власти поради запленувањето на руски товарен брод, пренесе руската новинска агенција РИА.

