Французин осуден во Русија на три години затвор за „прибирање воени информации“

Сподели со своите пријатели

Судот во Русија го осуди францускиот државјанин Лоран Винатиер на три години затвор поради „прибирање воени информации“.

Loading...

Винатиер беше уапсен во Москва во јуни, а подоцна ја призна вината, отворајќи го патот за брзо судење.

Неговите адвокати побараа од судот да го осуди на парична казна, пренесува Бета.

Во изјавите пред изрекувањето на пресудата, Винатиер, зборувајќи на руски, потврди дека целосно ја признава вината и побара од судијата лесна казна.

„Барам од Руската Федерација да ми прости што не ги почитував руските закони“, рече тој.

48-годишниот политиколог се заљубил во Русија пред 20 години кога почнал да ја проучува земјата, а својата презентација ја завршил со стих од рускиот поет Александар Пушкин за трпение затоа што доаѓаат подобри денови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

Затворите под обвинение за шпионирање и собирање чувствителни податоци стануваат сè повообичаени во Русија и нејзиниот високо политизиран правен систем откако Москва испрати војници во Украина во февруари 2022 година, пишува АП.

Зголемување на тензиите

Винатиер беше уапсен во време кога се зголемија тензиите меѓу Москва и Париз, по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за испраќање француски војници во Украина.

Loading...

Руските власти го обвинија Винатиер дека не се регистрирал како „странски агент“ додека собирал информации за руските воени и воено-технички активности кои би можеле да се искористат за да и наштетат на безбедноста на земјата.

Винатиер е советник во Центарот за хуманитарен дијалог, невладина организација со седиште во Швајцарија. Организацијата во јуни објави дека прави се за да му помогне.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Обвинувањата на Туск за наводни терористички акции од Русија се неосновани

„Странски агент“

Обвинителите тврдеа дека Винатиер собрал воени информации за време на состаноците со тројца неименувани руски државјани во Москва во 2021 и 2022 година.

Овие обвиненија носат казна до пет години, но обвинителите побараа три години и три месеци откако тој ја призна вината и соработуваше со истражителите.

Винатиер, барајќи од судијата попустливост, им посочи на двете деца и постарите родители за кои треба да се грижи.

Обвиненијата против Винатиер се однесуваат на законот кој бара секој кој собира информации за воени прашања да се регистрира кај властите како странски агент.

Активистите за човекови права го критикуваа тој закон и другите неодамнешни закони како обид за потиснување на независните медиуми и политички организации од страна на Кремљ со намера да се задуши критиката за руските акции во Украина, пишува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински војник: Кога се ранети, Севернокорејците ставаат бомба под главата и добра ноќ