Француските месари побарале од министерот за внатрешни работи Жерар Коломбо полициска заштита поради напади и „насилство“ на група вегани кои се противат на конзумирањето месо и одгледувањето на добиток за храна.
– Сметаме на вашите услуги и поддршка на целата влада дека што побрзо е можно да престане физичкото, вербалното и моралното насислтво кое го трпат месарите, се наведува во писмото од 22. јуни, а кое е потпишано од претседателот на Француската конфедерација на месари, продавачи на сувомеснати производи и деликатеси, Жан Франсоа Гијар.
Се жигосуваат за да го свртат вниманието на светот за суровоста кон животните (видео)