Франција ќе отвори конзулат во Гренланд на 6 февруари, потег планиран од минатата година, потврди во среда францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Соопштението доаѓа во контекст на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз таа арктичка територија, пишува Ројтерс.
Баро додаде дека САД мора да престанат да го уценуваат Гренланд и да ја изразуваат својата желба да ја контролираат автономната данска територија.
„Напад врз друга членка на НАТО не би имал никаква смисла, дури би бил против интересите на САД… и затоа оваа уцена мора јасно да престане“, рече Баро.

