Француски ЛГБТ активист и политичар предводел мрежа на педофили. Силувано петмесечно бебе

Сподели со своите пријатели

Случајот што ја потресе француската јавност откри застрашувачка мрежа на сексуална злоупотреба на деца, која ја водел Пјер-Ален Котино, 32-годишен семеен асистент од регионот Нант, пишува Le Parisien.

Loading...

Во септември 2024 година, холандската полиција открила исклучително шокантно видео на Даркнет.

На него се гледало како маж силува три или четиригодишно девојче, кое ја повикува нејзината мајка на помош додека тој ѝ кажува да молчи.

Силувачот и девојчето зборуваат француски. Се чини дека детето има и цевка за хранење, што сугерира дека е во сериозна здравствена состојба.

Француската канцеларија за заштита на малолетници (OFMIN) веднаш се вклучи во истрагата.

Истражителите не знаеле дали видеото е ново или старо, но веднаш започнале потрага по идентитетот на девојчето.

Од снимката, тие избрале кадар во кој било видливо лицето на детето и на 12 септември испратиле писмо до сите градинки во Франција барајќи помош за идентификување на потенцијалната жртва на сериозно кривично дело.

Наводно се обидел да избега во Тунис

Веќе осум дена подоцна, пристигнал одговорот. Директорката на градинката во Куфе, во близина на Ансенис во департманот Лоара-Атлантик, го препознала девојчето.

Loading...

Таа била девојче со попреченост за која се грижеле социјалните служби и која некое време била сместена кај семеен асистент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Пепе Палермо, наводниот водач на италијанската мафија

Тој асистент бил Пјер-Ален Котино, самохран татко на девојче на иста возраст, кое посетувало иста класа како и жртвата.

Котино работел како помошник старател за стари лица десет години, а од декември 2023 година се грижи за мали деца кои престојуваат со него во куќа во Удон, на неколку километри од Куфе.

Тој ја добил својата лиценца по приближно 60 часа образование и обезбедување доказ за чисто досие.

Кратко по идентификацијата, Котино отпатувал во Тунис, наводно на одмор, но истражителите се сомневале дека се обидувал да избега.

Тој бил уапсен по враќањето на аеродромот во Нант и обвинет за силување и тортура.

Тој не ги извршил злосторствата сам

Веќе за време на првото испрашување, тој покажал ароганција и не изгледал вознемирен.

Истражителите наскоро пронашле повеќе снимки објавени на каналот Телеграм, чиј администратор наводно бил самиот Котино.

Loading...

Меѓу новите снимки било и видео од силување на петмесечно бебе, кое подоцна властите го идентификувале како прво дете доверено на негова грижа, ставено кај него кратко откако ја добил дозволата.

Видеата, исто така, прикажуваат група голи мажи како опкружуваат две или тригодишно момче.

На некои видеа детето е будно, на други спие, а злоупотребата се одвива како дел од ритуализирана оргија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Зошто го исклучи доводот на гориво?“ Мистериозен разговор на пилотите од индискиот Боинг во кој загинаа 260 луѓе

Видеата го прикажуваат детето на сите четири нозе, со јака и поводник. Истражителите забележале прекривка со црни чаршафи, идентична со онаа запленета од домот на Котино во Удон.

Еден од учесниците носел нараквица како на Котино, а друг имал тетоважа во форма на лилјак.

Го дрогирал момчето пред силувањето

Истражителите идентификувале двајца мажи кои престојувале во домот на Котино, Гијом (37) од Шоле и Фредерик (38) од Сен-Сен Дени, преку телефонски записи.

Фредерик претходно бил пријавен за преземање педофилска порнографска содржини.

Додека престојувал кај Котино, тројцата осомничени го однеле детето во Бургер Кинг во Ансени за да го прослават неговиот трет роденден.

Loading...

Момчето му било доверено на Котино за краткотраен престој преку социјалните служби.

По враќањето во домот, тој бил исцрпен, ослабел и изговарал вознемирувачки реченици.

Во февруари, Фредерик и Гијом биле уапсени, обвинети и притворени.

За време на испрашувањето, еден од нив рекол дека Котино му дал на момчето Ксанакс, апчиња за спиење и поперс, измешани во јогурт, со цел да го дрогира и злоупотреби.

Според истрагата, Котино ги регрутирал другите преку Даркнет, без финансиска добивка.

„Ги имам децата на располагање“, само ќе им дадеше до знаење.

Loading...

Котино бил истакнат во заедницата

Така Гијом, Фредерик и Кевин (32), исто така од Сен-Сен-Дени, се собирае во Удон. Фредерик и Кевин понекогаш доаѓале со транспорт организиран од Ален, 53-годишен Белгиец со претходна пресуда од 2015 година за силување на малолетничка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Синот на мексиканскиот наркобос Ел Чапо се изјасни за виновен за шверц на дрога во САД

Ален бил уапсен во Белгија во февруари 2025 година и екстрадиран во Франција.

Пјер-Ален Котино е обвинет за повеќекратни силувања, заедно со акти на тортура и злосторства против девојче со попреченост.

Неговиот двоен живот продолжува да ги збунува истражителите.

Во јавноста, тој беше елоквентен и ангажиран во борбата за правата на ранливите групи.

Loading...

Тој беше кандидат на партијата LFI на локалните избори во 2021 година, претседател на здружението за правата на ЛГБТК+ лицата и вклучен во кампањи против семејното насилство.

Неговата мајка пријавила злоупотреба на детето за кое се грижела

Неговата мајка, дадилка, ѝ кажала на полицијата дека уште во 2007 или 2008 година пријавила случај на сексуален напад врз детето за кое се грижела.

За тогаш 15-годишнипт Пјер-Ален, тоа веројатно било меѓу првите злоупотреби.

Мајката го пријавила случајот кај надлежните служби, но без никакви последици.

На прашање од новинарите, адвокатот на Пјер-Ален Котино не сакаше да коментира за случајот, ниту да го изнесе ставот на својот клиент за обвинувањата.

Loading...