Францускиот активист Пјер Афнер наводно упаднал во вила која е поврзана со ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, Катерина (Екатерина) Тихонова во францускиот град Бијариц, јавуваат дел од литванските медиуми.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Афнер наводно стои на тераса од вила со украинско знаме.
Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)
Според некои медиуми, тој наводно рекол дека вилата е подготвена да ги прими жртвите на режимот на Путин, особено воените бегалци од Украина.
Оваа вила наводно е поврзана со пријателот на Путин Генадиј Тимченко, но и со поранешниот зет на Путин, Кирил Шамалов (поранешен сопруг на Катерина Тихонов). Како што пишува, во вилата биле пронајдени наводно документи поврзани со ќерката на Путин, пренесува jauns.lv.
Master French activist Pierre Afner entered the villa of the alleged daughter of Russian Federation head Katerina Tikhonova in Biarritz, changed the locks on the house and invited refugees from #Ukraine there#Ukraine #Russia #poland #BreakingNews #breaking #war #putin #StopPutin pic.twitter.com/tYRjTYOtwY
— Mateusz Sobieraj (@MateuszSobiera3) March 13, 2022
Ова вклучува копија од пасошот на Шамалов и полномошно потпишано во 2009 година од Тимченко на француски државјанин задолжен за поправка на вилата.
Францускиот регистар на недвижности покажува дека сопственик на вилата од 2007 година бил Тимченко, а од 2012 година наводно бил Шамалов.
Во 1996 година, политичарот Александар Белаев објави дека Путин инвестира во недвижен имот на атлантскиот брег на Франција. Тогаш станува збор за пари кои Путин наводно ги украл додека работел во градското собрание на Санкт Петербург.
Украина тврди: Русите го гранатираа аеродромот Антонов (ВИДЕО)
Две други вили наводно поврзани со Путин се во Бијариц. Една од нив наводно и е на располагање на поранешната сопруга на Путин, Људмила, а официјален сопственик е, како што тврди нејзиниот сегашен сопруг Артур Очеретни.
По руската инвазија на Украина, активистите наводно ги обоиле ѕидовите во боите на украинското знаме.
French activist Pierre Afner entered the villa of Putin’s daughter Alta Mira in Biarritz changed the locks, and declared the villa was ready to accept Ukrainian refugees.
The villa has eight bedrooms and three bathrooms pic.twitter.com/OWCqghHtdx
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) March 13, 2022