Француската економија следната година ќе се опорави кога ќе бидат укинати ограничувањата воведени поради Ковид-19, но не така брзо како што претходно сеочекуваше, објави денеска Банката на Франција (Централна банка).
– Оваа година економскиот пад ќе изнесува 9,0 отсто, откако втората најголема економија во евро зоната ќе се опорави околу пет проценти во 2021 и во 2022 година, а потоа растот ќе забави на нешто повеќе од два отсто во 2023 година, се наведува во најновиот извештај на Банката на Франција за кварталните можности.
Пред вториот бран, Банка на Франција во септемри предвидуваше пад од 8,7 проценти оваа година и раст од 7,4 отсто во 2021 и 3,0 проценти во 2022 година.
Во извештајот се наведува дека француската економија нема да се врати на пред пандемиското ниво пред средината на 2022 година, а претходно се предвидуваше оти тоа ќе се постигне на почетокот од 2021 година.
– Прогнозата за заздравување од пет проценти во 2021 и во 2022 година се заснова на претпоставката за целосен ефект ќе се почувствува кон крајот на следната година, изјави гувернерот на Банка на Франција, Франсоа Вилруа де Гало.
Марина Илиевска