Франција зафтена од бура: Дрво падна и уби момче (12), загина и возач (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа во Франција во силни бури што ја зафатија земјата по период на екстремна топлина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на властите.

Во департманот Тарн-ет-Гарон на југот на Франција, 12-годишно момче почина кога дрво се урна додека се обидуваше да се оддалечи на безбедно со своето семејство, објави телевизијата BFMTV во среда, повикувајќи се на службите за итни случаи.

Во село на северозападот на Франција, возач на „четирицикл“ починал откако се судрил со дрво што паднало преку патот, објави телевизијата Ici.

Во многу делови од Франција, температурите се искачија далеку над 30 степени Целзиусови, проследени со грмотевици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаос во Кенија: Осум мртви на протест против владата и полицијата

Налетите на ветер достигнаа до 120 километри на час, што предизвика предупредување за опасни временски услови за 57 департмани.

Во Париз, премиерот Франсоа Бајру ги повика жителите на погодените подрачја да бидат исклучително внимателни.

Во главниот град, силните дождови предизвикаа водата да навлезе во зградата на парламентот додека пратениците беа на седница, според BFMTV.

Ветровите достигнаа брзина од 112 километри на час на врвот на Ајфеловата кула.

Loading...

Силните дождови поплавија многу метро станици и предизвикаа проблеми со сообраќајот во француската престолнина.

За само 20 минути, температурата во Париз падна за 11 степени Целзиусови.