Од денеска, работниците во рестораните и другите локации за услуги во Париз, од кои има околу два милиони, мора да покажат доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележување на „Ковид-19“ при пристигнување на работа, како дел од владините напори за борба против пандемијата Ковид -19.
Јавноста е веќе должна да ја прикаже истата документација за одење во ресторани и туристички локации, пишува АП.
Речиси 72 проценти од Французите ја примиле првата доза на вакцината, а повеќе од 64 проценти се целосно вакцинирани, додека малцинството се противи на вакцинацијата и од јули одржува неделни протести низ целата земја.
Франција е на второ место по бројот на инфекции во Европа во последниот месец, и досега се евидентирани повеќе од 114.000 смртни случаи.

