Франција: Пожар во близина на Марсеј, 110 лица повредени

Сподели со своите пријатели

Пожарот на југот на Франција што избувна во вторник во близина на Марсеј, во Пен-Мирабо, сè уште не е изгаснат, а според министерот за внатрешни работи Бруно Ретаљо, 110 лица се полесно повредени, вклучувајќи девет пожарникари и 22 полицајци.

Loading...

Според Ретајо, кој синоќа пристигна во Марсеј и се сретна со локалните власти, 800 пожарникари биле распоредени на местото на настанот синоќа за да го изгаснат пожарот во текот на целата ноќ.

Телевизијата BFM утрово објави дека пожарот сè уште не е изгаснат, и дека префектурата објавила дека интензитетот на пожарот е намален, но дека сè уште не е локализиран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси во пораст, нафтата скокна на 70 долари за барел, цените на златото паднаа

Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, исто така, објави дека се во тек спасувачки операции и дека досега се евакуирани 400 лица.

Пожарот, кој избувна во вторник наутро во департманот Буш-де-Рон, во градот Пен-Мирабо, веќе во вторник попладне се прошири во Марсеј, вториот по големина град во Франција. Според пожарникарите, пожарот се проширил брзо, носен од северниот ветер, а пламените јазици се искачиле до 300 метри.

Префектот на департманот Буш-де-Рон, Жорж Франсоа Леклерк, изјавил дека вчера во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 700 пожарникари и девет канадски авиони, пренесува Танјуг.

Локалниот функционер Мартин Васал на прес-конференција изјавил дека пожарникарите спасиле 500 куќи од пламенот, нагласувајќи дека условите на терен се многу комплицирани и го отежнуваат гаснењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Босанец планирал терористички напад во Германија: Уапсен во голема рација

Таа нагласила дека ќе биде покрената истрага за причините за пожарот и предупредила дека сè уште постои можност пожарот повторно да избувне.

Loading...

Патниот сообраќај околу Марсеј бил прекинат утрово. Државната железничка компанија SNCF објавила дека железничкиот сообраќај од и до Марсеј е делумно прекинат.

Аеродромот Екс-Марсеј Прованса, четвртиот најголем аеродром во Франција, бил принуден да ги прекине своите редовни операции во вторник, бидејќи огромен облак чад се издигал над планините северно од градот.

Управата на аеродромот објавила во вторник попладне дека воздушниот сообраќај е делумно обновен во подоцнежните вечерни часови.

Голем пожар избувна и во вторник во близина на градот Нарбон во департманот Од, каде што беа зафатени 2.000 хектари шума, а во гаснењето учествуваа околу илјада пожарникари, кои успеаја да го спречат, како што објави BFM утрово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавенa драматичнa снимка: Хутите упаднаа на брод, го разнесоа и го потопија (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во државна посета на Велика Британија, ја изрази својата поддршка за пожарникарите и ги повика жителите да ги следат безбедносните упатства.

„Нашите мисли се со повредените и сите жители“, напиша тој на мрежата X. Денес, четири департмани на југот од земјата се изложени на висок ризик од шумски пожари: Од, Гар, Воклиз и Буш-де-Рон.

 

Loading...