Франција под црвено и портокалово предупредување поради бура

Сподели со своите пријатели

Француските метеоролошки служби прогласија црвено предупредување за департманот Ламанш и брегот на Ламанш поради приближувањето на бурата Горета, додека северозападниот дел од земјата беше ставен под портокалово ниво на тревога поради силни ветрови.

Предупредувањата стапуваат на сила вечерва, објави BFM. Бурата Горети ќе го погоди брегот на Ламанш од раните вечерни часови, а црвеното предупредување ќе важи од 21 часот до 3 часот наутро.

На брегот се очекуваат налети на ветер од 150 до 160 километри на час и до 130 и 140 километри на час во внатрешноста. Атлантскиот брег, исто така, ќе биде погоден од силни ветрови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски олигарх загина во хеликоптерска несреќа: Авионот се заглавил во жичарница

Вкупно 24 департмани ќе бидат под портокалово предупредување за ветер, вклучувајќи го целиот северозападен дел од Франција и регионот Ил де Франс.

Метео-Франс предупреди дека нивото на тревога може дополнително да се зголеми во текот на денот во одредени департмани на Нормандија, особено во Калвадос и Приморска Сена.

Поради бурата, железничкиот сообраќај во Нормандија ќе биде целосно прекинат од вечерва.

Националната железница SNCF објави дека постепеното обновување на сообраќајот се очекува дури во петок попладне, а дека прекини, доцнења и откажувања на возовите се можни и во други делови од земјата денес и утре.

Исто така, три департмани – Горна Савоја, Савоја и Воклиз се уште се под портокалово предупредување поради снег и мраз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги повлекува САД од 66 меѓународни организации

Метео-Франс предвидува снежни врнежи во Северните Алпи, со очекувани 10 до 20 сантиметри снег во внатрешните долини на Савоја, додека мразот во регионот Воклиз е главен проблем на патиштата. Метеоролошките служби предупредуваат и на ризикот од силни западни бранови во Ламанш, особено околу 23 часот, како и на можноста за локално поплавување на крајбрежјето.

На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да го ограничат патувањето во погодените подрачја.