Француската влада планира значително зголемување на залихите на ракети и дронови како дел од новиот закон за воено планирање, со цел да се зголемат одредени видови муниција и дронови до 400 проценти до 2030 година, според нацрт-законот што го виде бриселскиот Политико.
Нацрт-законот, кој ќе биде презентиран на 8 април, предвидува издвојување на 8,5 милијарди евра за дронови и ракети и поставува повеќегодишна рамка за купување и развој на оружје.
Зголемувањето се однесува на камиказа дронови, водени бомби AASM Hammer за 240 проценти и ракети Aster и Mica за 30 проценти.
Францускиот премиер Себастијан Лекорну истакна дека итната потреба за муниција е особено видлива поради конфликтите во Украина и Блискиот Исток, кои покажаа колку брзо се троши воената опрема во војување со висок интензитет.
Нацрт-документот предвидува вкупни трошоци за одбрана од 63,3 милијарди евра во 2027 година до 76,3 милијарди евра во 2030 година, што е предмет на годишно парламентарно одобрување.
Покрај складирањето, Франција планира да развие нов тенк за да ги компензира потенцијалните неуспеси во програмата за тенкови од следната генерација развиена со Германија.
Сепак, планот не вклучува купување нови борбени авиони „Рафал“ или фрегати, ниту средства за програмата „Евродрон“, дрон со долг дострел што се развива во соработка со Германија, Италија и Шпанија.
Експертите и законодавците оценуваат дека планот јасно го покажува фокусот на Париз на подготовка за „воена економија“ и зголемување на залихите на муниција, додека проширувањето на вооружените сили е оставено за идните планови по претседателските избори во 2027 година, пренесува Танјуг.

