Франција нема да одговори ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави: „Не сакаме светска војна“.

„Ние ѝ помагаме на Украина да се одбрани на своја територија, но никогаш да не ја нападне Русија. Владимир Путин мора да ја прекине оваа војна и да го почитува територијалниот интегритет на Украина“, додаде Макрон.

„Нема да користиме нуклеарно оружје дури и ако Русија го користи во Украина“

Со ова францускиот претседател се надоврза на претходната изјава во која тврди дека Франција нема да го користи своето нуклеарно оружје дури и ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Никогаш нема да ги заборавиме злосторствата во Аушвиц, кои беа прекинати од Црвената армија

„Нашата доктрина почива на основните интереси на нацијата“, рече тој за јавниот сервис Франс 2. „Тие се јасно дефинирани и нема да бидат директно засегнати доколку, на пример, има балистички нуклеарен напад во Украина, во регионот“.