Француската Влада во Парламентот проследи закон што им овозможува на оние кои се вакцинирани да имаат пристап до јавен превоз, ресторани, културни институции и други јавни места.
Премиерот Жан Кастекс уште во понеделникот го проследил законот за воспоставување на долгорочен систем за управување со вонредни состојби во собраниска процедура, а законот е познат и како „зелен вакцина пасош“, поради одредбите што условуваат пристап до одредени активности и места врз основа на вакцинација.
Според тој закон, премиерот има право да одобри движење на лица, нивен пристап до јавен сообраќај или одредени места врз основа на тест со кој се утврдува дека некое лице не е заразено или по превентивен третман, што вклучува и вакцинација против коронавирусот, јави Танјуг повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Дебатата за законот почна минатата недела кога членовите на либералните и центристичките партии предложија воведување на таканаречен „зелен пасош“ за луѓето кои се вакцинирани, тврдејќи дека вакцинираните имаат право да живеат нормално.
Неколку истражувања покажаа дека Французите се многу скептични во однос на вакцинацијата и оти само околу 40 проценти од граѓаните се подготвени да се вакцинираат.
Јасмина Тасевска