ФРАНЦИЈА: Мајката која наводно брутално си ги убила 3-те деца, пронајдена мртва

Сподели со своите пријатели

Мајката која наводно до смрт ги избодела своите три деца во семејниот дом на Алпите во Франција, наводно е пронајдена мртва во Швајцарија.

Loading...

Дебора Пел, 45-годишна учителка, побегнала од малиот град Танингс откако во вторникот наводно убила три деца на возраст од две, 11 и 13 години, оставајќи зад себе само белешка.

Францускиот весник Le Dauphine Libere објави дека една француско-швајцарска државјанка била пронајдена мртва во нејзиниот автомобил денеска, откако побегнала со нејзиниот теренец Audi. Причината за нејзината смрт засега не е позната.

Инаку, денеска се испостави дека бабите и дедовците на децата го откриле масакрот во семејниот дом.

Претходно беше објавено дека телата ги пронашол нејзиниот партнер, кој е татко на најмалото дете.

60 француски полицајци, со поддршка на хеликоптери и нуркачки одреди, ја барале жената веднаш откако дознале дека злосторството се случило.

Инспекторите кои знаеле за нејзиното двојно државјанство побарале помош во потрагата од швајцарските власти, кои го означиле нејзиниот автомобил додека влегувал во земјата.

Мотивот за трагичното убиство засега не е познат.

Loading...