Франција ја укинува задолжителната РТВ претплата

Сподели со своите пријатели

Францускиот Уставен совет го одобри укинувањето на задолжителната претплата на РТВ и и наметна строги барања на Владата – да гарантира финансирање и независност на јавниот сервис, објави Дојче веле.

Loading...

Уставниот совет, кој не прави летна пауза, одобри пакет помош од 20 милијарди евра за граѓаните и ребаланс на буџетот за 2022 година, кој вклучува укинување на претплатите на РТВ.

Таа одлука значи 138 евра повеќе годишно во секое домаќинство, што досега не беше ослободено од претплата на РТВ.

Јавниот сервис нема да се приватизира, туку ќе се финансира од даноци, односно од државниот буџет.

На овој начин, граѓаните всушност би продолжиле да го кофинансираат јавниот сервис, но индиректно.

Токму тоа предизвикува критики во Франција, бидејќи постои ризик јавните служби да станат зависни од политиката.

Укинувањето на претплатата беше предизборно ветување на претседателот Емануел Макрон, кој беше реизбран во април.

Долниот дом на Парламентот го одобри на крајот на јули, а Сенатот на почетокот на август.

Loading...

Задолжителната претплата беше главен извор на приход за Radio France (Radio France), France Television (France Télevisions), за програми за странство, како TV5 Mond (Monde), за архивата на радио ИНА, како и за ТВ проект со Германски ARTE.

ДВ додава дека Норвешка ја укинала претплатата на РТВ во 2020 година и ја заменила со данок кој зависи од приходот на граѓаните.

Јавниот сервис се финансира од данок и во соседните скандинавски земји, Данска, Финска и Шведска.