Франција им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија

Сподели со своите пријатели

Денеска Франција им препорача на своите граѓани чие присуство не е неопходно во Русија да ја напуштат таа земја, по руската инвазија на Украина и затворањето на воздушниот простор меѓу Русија и Европската унија.

Loading...

„Во контекст на руската инвазија на Украина и примената на меѓународните санкции наметнати на Русија, неопходно е да се покаже зголемена будност“, се наведува на веб-страницата на француското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека француските граѓани се поканети да се јават во амбасадата во Украина за да добијат информации како да ја напуштат земјата.

„Ние веруваме дека луѓето кои немаат суштинска причина да останат во Русија треба да изберат да заминат“, изјави неименуван портпарол на француската дипломатија.

Франција исто така ги повикува своите граѓани да го одложат патувањето во Русија.