Франција и Шпанија бележат високи температури, капачи на плажите

Сподели со своите пријатели

Делови од Франција и Шпанија бележат невообичаено високи температури за крајот на октомври, а капачите уживаат во топлата есен бидејќи температурата на морето на француската ривиера е 21 степен целзиусов.

Loading...

„Оваа година е исклучителна. Обично заладува на крајот на октомври и обично врне дожд до Сите Свети“, изјави жител на Франција за Ројтерс.

Подолго времетраење на топлотните бранови

Милиони Европејци, загрижени за поскапувањето на гасот, сè уште нема да мора да го вклучат парното.

Но, дали е тоа причина за радост?

Високата температура на крајот на октомври може да биде знак за промена на временските шеми по летото во кое имаше екстремни горештини во Европа, со жестоки шумски пожари и суши, пишува Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат

Топлотните бранови станаа почести и поинтензивни и траат подолго поради климатските промени предизвикани од човекот.

Светот веќе се загреа за околу 1,1 степени целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не воведат остри намалувања на емисиите на стакленички гасови.

„Пријатното време може да се припише на климатски промени“

Ница во следните денови ја очекува највисоката дневна температура од околу 24 Целзиусови степени, а слична прогноза за Малага на југот на Шпанија.

Loading...

Во изминатите 10 дена Франција забележа температури од пет до шест степени над нормалата.

Франсоаз Вимекс, климатски научник од францускиот Национален истражувачки институт за одржлив развој, рече дека е многу веројатно дека пријатното време може да се припише на климатските промени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Индонезија: Има загинати, над 80 повредени, стотици евакуирани

„Времето е многу во согласност со проекциите, со она што може да го очекувате во потопла клима“, изјави научникот за француското јавно радио.