Француското Министерство за надворешни работи денес го повика Иран веднаш да започне преговори за неговите нуклеарни и балистички ракетни програми.
„Франција го повикува Иран без одложување да започне преговори што ќе доведат до договор што ќе ги реши сите загрижености во врска со нуклеарните и балистичките ракетни програми на Иран и поврзаните дестабилизирачки активности“, се вели во соопштението, според Ројтерс.
Франција, исто така, го поздрави објавувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот меѓу Иран и Израел.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран и дека војната е завршена.
Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social „дека ги моли Иран и Израел да не го кршат примирјето“, пренесува Танјуг.