Франција ги укина речиси сите корона мерки

Сподели со своите пријатели

Франција денеска ги укина речиси сите епидемиски мерки и покрај се поголемиот број новозаразени.

Потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид или негативен тест од денеска е потребна само за пристап до домови за стари лица, здравствени установи и установи за инвалиди.

 

Украинците го гаѓаа центарот на Доњецк, најмалку 20 загинати (ФОТО+ВИДЕО)

 

Дополнително, се укинува и обврската за носење маски на речиси сите места.

Обврската за носење маски останува на сила само во јавниот превоз.

Од средината на јануари во Франција се применува правилото 2G, според кое само вакцинираните и излечените од Ковид19 можат да пристапат до стадиони, музеи, кина, ресторани.

 

Жителите на уништената зграда во Киев се качуваат во неа по своите работи (ВИДЕО)

 

Владата пред две недели ја укина обврската за носење маски на повеќе места каде важеа ограничувања за пристап.

Поради повторното зголемување на бројот на новозаразени, премиерот Жан Кастекс во изјава за дневниот весник „Ле Перизиен“ им препорача на старите и болните да носат маски во затворени простории и на митинзи.

Тој најави и дека лицата постари од 80 години можат да ја примат четвртата доза од вакцината против коронавирус, бидејќи поминале најмалку три месеци од примањето на засилената доза.