Франција ги повика своите граѓани да го напуштат Иран што е можно поскоро

Сподели со своите пријатели

Француското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани и оние со двојно државјанство да го напуштат Иран што е можно поскоро, велејќи дека се изложени на ризик од случајни апсења.

Loading...

„Секој француски државјанин, вклучително и оние со двојно државјанство, е изложен на висок ризик од апсење, произволно притворање и нефер судење“, се вели во соопштението, пренесе Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Франција претходно го обвини Иран дека дејствува во стилот на „најлошите диктаторски режими“, откако двајца Французи се појавија на видео во кое признаваат дека се членови на француските разузнавачки служби.

„Париз го отфрла признавањето“

Министерството за надворешни работи во Париз посочува дека „нивните наводни признанија биле изведени на безобразен, ужасен и неприфатлив начин, што е во спротивност со меѓународното право“.

Двајцата Французи беа уапсени во мај, а наводното признание дојде во време на тековните немири во Иран, кои Техеран ги поврзува со странски непријатели.

Се нагласува дека „признавањето“ се совпаѓа со неколкунеделните антивладини протести во Иран поради смртта на Махса Амини (22), Иранка со курдско потекло, во полициски притвор минатиот месец.