Франција ги казни Гугл и Фејсбук поради „колачињата“

Сподели со своите пријатели

Француските регулатори ги казнија Гугл и Фејсбук кои ќе треба да платат вкупно 210 милиони евра за користење колачиња.

Loading...

Телото за заштита на приватноста на податоците, CNIL, објави дека двете социјални мрежи им отежнуваат на корисниците да одбиваат да ги следат нивните податоци, пренесува Би-Би-Си.

Согласноста за употреба на колачиња е клучна во регулативите за приватност на податоците на Европската унија и главен приоритет за CNIL.

Компаниите мора да платат казни во рок од три месеци или ќе треба да платат уште 100.000 евра за секој ден доцнење.

Колачињата се мали пакети со податоци кои им овозможуваат на веб-прелистувачите да складираат информации и да обезбедат, на пример, насочени реклами.