Франција: Експлозија во салон за убавина, шестмина повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест лица се повредени во експлозија на граната во салон за убавина во Гренобл во југоисточна Франција, јави радио станицата „Франс инфо“.

На салон за убавина во центарот на градот во департманот Изер била фрлена граната, при што бил скршен прозорец, а шест лица биле полесно повредени, меѓу кои и едно петгодишно дете.

„Франсинфо“ наведува дека експлозивната направа ја фрлил човек кој дошол со соучесник кој снимал што се случува.

Според обвинителот, експлозивната направа наводно не била наменета за убиство, туку за заплашување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американската војска нападна брод во Тихиот Океан: Двајца мртви