Франција бара од ЕУ да воведе негативни тестови за патниците од Кина

Сподели со своите пријатели

Поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус во Кина, Франција денеска ги повика земјите од ЕУ да воведат заштитна мерка за задолжителен негативен тест за патниците кои доаѓаат од таа земја, не постари од 48 часа.

Loading...

Од вкупно 27 земји на ЕУ, Италија и Шпанија засега бараат негативни тестови за коронавирусот, пренесува Танјуг.

Официјалните претставници на ЕУ, сепак, не успеаја да се договорат за воведување заеднички заштитни мерки минатата недела, пренесува Ројтерс, додавајќи дека разговорите на оваа тема ќе продолжат оваа недела.

„Франција ќе се залага за примена на оваа методологија во ЕУ“, рече министерот за здравство Франсоа Брон додека ги проверуваше новите процедури со министерот за транспорт Клемент Бон на парискиот аеродром Шарл де Гол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е човекот кој уби туристка во Будимпешта, деловите од телото ги сокрил во куфер

Во Кина, објавија претходните агенции, бројот на заболени од коронавирусот е зголемен, откако официјален Пекинг престана да ја спроведува стратегијата за нулта толеранција, која вклучува ограничувања за патување.