Фрагмент од иранска ракета погоди станбена зграда што ја користел американскиот конзул во Ерусалим, објавија израелските медиуми, додека Стејт департментот објави дека нема повредени вработени.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека остатоците погодиле станбена област откако ракетата била пресретната, објави Ројтерс.
„Соединетите Американски Држави остро ги осудуваат нападите на Иран и терористичките милиции поддржани од Иран врз дипломатската, воената и цивилната инфраструктура во регионот (на Блискиот Исток)“, рече портпаролот.
Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран наутро на 28 февруари во она што го нарекоа „превентивни напади“ што дојдоа по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

