Фрабриките од Куманово можат да обезбедат превоз

Сподели со своите пријатели

Забраната за влез и излез од Куманово се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз, економските оператори можат да обезбедуваат сопствен контролиран превоз.

Loading...

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 29-та седница донесе заклучок да ја информира јавноста дека одлуката со која се забранува влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз на патници со градски, меѓуградски патнички и железнички јавен превоз.

Владата им препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на општина Куманово, доколку за тоа имаат потреба, да продолжат да го обезбедуваат пристапот до нивните објекти доколку имаат организиран и контролиран посебен превоз и да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени.

Leave a Reply