НАСА минатата недела најави дека бара љубители на небото и болаците за им помогнат околу проект. Шест инструменти кои се во орбитата ја сочинуваат проектот на НАСА, Clouds and Earth’s Radiant Energy System (CERES) и се користат за проучување на климата на Земјата и улогата на облаците во климатските промени.
Но, понекогаш е тешко овие инструменти да разликуваат облаци од други работи. На пример, НАСА вели дека тенките, пердувесто-праменести облаци цируси и снегот можат да го измешаат затоа што се студени и светли. Разликувањето станува потешко кога тие облаци се наоѓаат малку над оние кои носат снег, а тука множат да помогнат граѓаните научници.
НАСА бара луѓе кои сакаат да фотографираат облаци, а потоа да ги споделуваат фотографиите преку апликацијата GLOBE Observer. Можете да испратите до десет фотографии дневно се до 15. април. Ова е особено важно време за проектот, затоа што годишното време се менува, што значи дека се менуваат и облаците.
Ако успеете да ја уловите фотографијата на која Церес сателитите минуваат над вас, НАСА може да ги спроеди фотографиите кои ги направил инструментот со вашите фотографии снимени од Земјата и да потврди дека она што сателитот го забележал е исто како и облакот.
– Гледајќи во она што набљудувачот го снимил како болаци и гледајќи на нивните запазувања од тлото, навистна ни помага подобро да ги разбереме фотографиите кои ни ги овозможува сателитот, изјавила Мариле Коло Роблес, шеф на NASA GGLOBE CLOUD.