Фотографија од Тито која беше забранета за јавноста

Loading...
Сподели со своите пријатели

Новинарот Жељко Виројевиќ истражувајќи ја улогата на Јосип Броз Тито во граѓанската војна во Шпанија наишол на непозната и необјавена фотографија од маршалот кој бил во невообичаено издание – гол.

Тито бил свртен со грбот кон објективот, а фотографијата е наречена „Југословени кои се капат“.

Направена е во 1939 година кога Тито со своите соборци престојувал во францускито воен логор кој бил резервиран за меѓународните сили.

Иако фотографијата е објавена во Зборникот на шпанските борци од 1961 година, таа никогаш не го нашла својот пат до југословенската јавност – најверојатно затоа што режимот сметал дека ќе го загрози угледот на претседателот, а самата книга е повлечена од пазарот.

Оваа фотографија е откриена пред неколку години, но сега повторно досепа во јавноста.