Официјалниот профил на Инстаграм, кој има повеќе од 357 милиони следбеници, објави прекрасна фотографија на Метеори во централна Грција.
Високите карпи на Метеори, група православни манастири, се наоѓаат на списокот за светско наследство на УНЕСКО и претставуваат една од главните туристички атракции на Грција.
„Поздрав од Каламбака. Сонуваме за ова мало село кое се наоѓа во подножјето на Метеори, во централна Грција. Метеори (што значи „оние што лебдат“) е познат по манастирскиот комплекс, кој е изграден високо на овие природни столбови”, пишува во постот со фотографијата објавена од страна на компанијата Инстаграм.
Оваа прекрасна глетка беше овековечена од берлинскиот уметник Фредерик Шиндлер (@frederikschindler), а веќе има околу 1,6 милиони лајкови.
https://www.instagram.com/p/CC1QdZ7MxWk/?utm_source=ig_embed