Фотограф им дал на тинејџери да ги изменат своите фотографии, а резултатот е загрижувачки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден фотограф спровел своевиден социолошки експеримент кој покажува како социјалните мрежи и опседнатоста со изгледот можат да имаат опасно влијание особено врз тинејџерите.

Loading...

Фотографот Ранкин во својот проект „Selfie Harm“ направил портрети на 14 тинејџери и им дал да ги изменат фотографиите онака како мислат дека се соодветни за објавување на социјалните мрежи.

Ниту еден од учесниците на ја оставил фотографијата неизменета, туку сите промениле нешто: форма на лице, го стесниле носот или ги прекриле недостатоците на кожата.

– Луѓет ги имитираат своите идоли, а обично тоа го прават поради лјакови на социјалните мрежи. Тоа е една од причините поради која живееме полни со тага, анскиозност и страв дека нешто пропуштаме. Време е да го признаеме штетното влијание на социјалните мрежи на човековото гледање на себе си, вели тој.

Оваа серија фотографии е од проектот „Вижуал Дает“ која се занимава со влијанието на фотографиите кои ги консумираме врз нашето психичко здравје.

https://www.instagram.com/p/BtRMUjKF-e7/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply