Фото клуб Куманово организира изложба на фотографии „Каритон“

Сподели со своите пријатели

Фото клубот Куманово организира изложба на уметничка фотографија под насловот „Каритон“, а на истата можат да учествуваат сите заинтересирани љубители на фотографијата.

Котизацијат ана изложбата е бесплатна за учесниците, а истата ќе биде поделена на две теми: отворена тема и „Кратово и Кратовчани“.

Сите заинтересирани за учество на изложбата своите дела можат да ги достават по електронски пат на следниот линк ( http://photoclubkumanovo.com/koriton/ ) најкасно до 1 ноември 2016 година.

По завршувањето најуспешните фотографии ќе бидат изложени и оставени како трајна поставка во градот Кратово.