Фото Кино клуб “Козјак” од Куманово организира Арт Фото школа која ќе започне на ден 01.10.2016година (сабота) во просториите на ФКК Козјак-Куманово во Народна техника (ул.Тане Георгиевски бр.25а) со почеток од 19 часот.
Сите заинтересирани може да се пријават на е-маил адресата [email protected] или на денот на започнувањето на Арт фото школа. ФКК “Козјак” Куманово е отворен секој вторник од 19:30 часот.
Во рамките на Фото школата ќе има вкупно 15 предавања и тоа:
Прво предавање – Презентација на програма и краток историјат на фотографија
/предавач: Мери Георгиевска дипломиран историчар на уметност
Второ предавање – Фото апарат и како фунционира
/предавач: Маријана Павличек фотограф втора класа
Трето предавање – Бленда ,експозиција и осетливост
/предавач: Дејан Краљевски фотограф втора класа
Четврто предавање – Вовед во композиција
/предавач: Глигор Максимовски фотограф прва класа
Петто предавање – Композиција
/предавач: Валентина Илијевска ликовен уметник
Шесто предавање – Боја
/предавач: Валентина Илијевска ликовен уметник
Седмо предавање – Форми и облици
/предавач: Мире Величковски ликовен уметник / вајар
Осмо предавање – Портрет
/предавач: Борче Кукуњавски ликовен уметник
Деветто предавање – Пејсаж
/предавач: Владимир Арсовски и Дејан Гилевски фотографи
Десетто предавање – Улична фотографија
/предавач: Цветан Гавровски мајстор на фотографија
Единаесетто предавање – Новинарска фотографија или фотожурнализам
/предавач: Маја Јаневска Илиевска новинарски фотограф
Дванаесетто предавање – Студиска фотографија
/предавач: Боро Рудиќ мајстор на фотографија
Тринаесетто предавање – Сценска фотографија
/предавач: Сашо Н. Алишевски и Татјана Ранташа фотографи
Четиринаесетто предавање – Графика и вовед во постпродукција
/предавач: Ана Јовановска ликовен уметник / графичар
Петнаесетто предавање – Презентација
/предавач: ФКК Козјак