Форумот на жени на СДСМ и оваа година традиционално по шести пат ќе ја спроведува својата хуманитарна акција ,,Дарувај од срце“.
Топлата облека, обувки, прекривачи и ќебиња кои ќе ги донираме во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, а ќе стигнат онаму каде се најпотребни, ќе придонесат многу наши сограѓани да се стоплат во овие зимски денови. А верувајте , бројот на оние на кои им е потребна нашата донација секојдневно се зголемува. Акцијата ќе се одржи на утре со почеток во 12 часот и истовремено ќе се одвива во сите градови на Република Македонија во организација на општинските Форуми на жени на СДСМ – стои во дописот од партијата.
Собирното место во Куманово ќе биде во седиштето на Општинската организација на СДСМ во поранешен комитет во 12 часот од каде заедно ќе се тргне кон Црвен крст Куманово, каде ќе биде доставена нашата донација. Хуманоста не познава граници, вера, различност, освен широко отворени срца полни со љубов.
Ве покануваме да ни се придружите заедно да стоплиме што повеќе човечки срца и да им покажеме дека не се сами враќајќи им ја довербата во достоинствен живот. Секоја наша членка/симпатизерка е добредојдена на оваа акција со својата донација да измами уште една човечка насмевка, да стопли едно човечко суштество кое најчесто без своја вина останало без основните средства за егзистенција – пишува во соопштението.