Форум со академската заедница за можностите за намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од греењето во домаќинствата, ќе се одржи денеска на Универзиттот „Гоце Делчев“ во Штип.
На форумот ќе се обрати заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули
Форумот има за цел низ разговор со експерти да се разбијат митовите околу загадувањето на воздухот предизвикано од греење во домаќинствата, да се објасни улогата на науката во предложените акции во Патоказот за намалување на загадувањето од греењето 2017-2025 (www.skopjesezagreva.mk) и активно да се вклучи академската заедница во справување со проблемот со загадувањето на воздухот.
Извор: МИА