Советот на Општина Куманово на денешното продолжение на 13. седница го формираше Советот за заштита на потрошувачи, кое треба да го следи квалитетот на услуите на јавната администрација на општината.
Како што образложи претседателот на Комисијата за прашања, избори и менувања, Томица Илиќ, телото ќе брои седум членови, три правни и четири физички лица. „Ми-мар“ , „Адит“ и „Конект 2016“ се правните субјекти, додека од физичките лица ќе членуваат Тодор Тасев, Милорад Илиевски, Мирослав Јакимовски и Емин Ибраими.
Како што рече советникот Зоран Петрушевски потребни се луѓе со авторитет и квалитет со цел граѓаните кои имаат незадоволство од некоја услуга од општината да можат да реагираат до Советот.
– Што се однесува до имиња од редот на физички лица, јасно е дека се работи за партиски критериум, но ме интересира од делот на правните лица, како вие во комисијата за именувања ги издвоивте од можеби илјадници правни лица во Куманово, огромни капацитети кои имаат куп допирни точки со општината и нејзините услуги, како ги издвопивте овие фирми, да знам дали овој совет во иднина ке може да ја врши дејноста за која сега го формираме и издвојуваме средства за тоа како тој ке работи, граѓаните ќе очекуваат подобрување на квалитетот на услугите, рече Петрушевски.
Советот, според Илиќ, ќе има мандат од две години и со оглед дека се формира прв пат ќе се види како ќе функционира. Додава дека не се работи за партиски членови и можат да се пријават и други фирми и физчки лица, но за следниот состав.
– Ова е совет што прв пат се формира со мандат од две години со оглед на тоа дека прв пат нешто се формира, најголемито дел од правните лица беа скептици како ова ќе фунцкионира, можете и вие да предложите правно лице, многу од нив не сакаа да се вклучат во советот, „Ми мар“ е чевларска фирма, управителот прифати да се ангажира и да ги врши дејностите од надлежноста, можеби не се најпретставителни, но во првите две години можеме да присуствуваме и ние и градоначалникот и да дадеме подршка оваа да функционира, и до крајот на мандат ќе имаме можност да бираме повторно за две години и ќе согледаме дали има грешки или нема, јас лично ќе се залагам за она што треба да биде. Не е партиски, кој сака да се пријави нека повели, ке ставиме и други фирми, но да ја изврши работата за која сакаме да го формираме, рече Илиќ.
Според претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска телото ќе има советодавна и корективна, а не извршна моќ.
– Тоа е корекитвно тело за се она што е под надлежост на локалната самоуправа, за што одговорност имаме и ние, како тело основач на овие иснтитуции, колку ќе бидат успешни ке покаже времето, на нас е да помагаме, да ги слушаме нивните критики и сознанија, но сметам дека за почеток треба да биде поздравено, правните лица гледавме да има претставници од различни бранши, ниту колку вработуваат, ниту колку профит имаат, а физичките лица можеби има партиски убедувања, но никој не истакнат партиски активист и има и од мнозинствотио и од малцинството, позиција и опозиција и сметаме дека со тоа може да се постигне баланс и тука нема да има потреба за надгласување, ке ги користиме нивните стручни совети, рече Мургашанска.
Советот се формира согласно наложбите на Законот за локална самоуправа.
фото: архива
Loading...