Форд изгоре на паркинг во Куманово

Сподели со своите пријатели

Форд бил опожарен на паркинг простор во Куманово вчера попладне, информираат денеска од кумановската полиција.

Loading...

– На 23.06.2024 во 18.33 часот во СВР Куманово, М.М. од Куманово пријавил дека на паркинг простор на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат оттаму, повредени лица нема.

Екипа од СВР Куманово извршила увид.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот амбасадор во посета на Општина Куманово